6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Од 20 јули директна авиолинија од Сараево до Јордан

Компанијата „Флај Јордан“ од 20 јули ќе почне со директни летови од Сараево, Босна и Херцеговина до Аман, Јордан, изјави Мато Зеко, амбасадор на БиХ во Јордан.

Летовите ќе се реализираат еднаш неделно, сабота, до крајот на октомври.

Доколку има голем интерес за оваа линија, отворена е можноста да функцонира во текот на целата година.

Зеко истакнал дека во Аман, кој има околу 4,5 милиони жители, постои голeм интерес за туристичка посета на БиХ.

„Најголема пречка беше издавањето визи, но сега ја уредивме таа област, така што оние кои поседуваат јордански патни исправи, максимум за три дена добиваат виза за БиХ, доколку секако ги поминат безбедносните проверки во Министерството за безбедност. Тоа значително го зголеми интересот за патување во БиХ“, рекол Зеко.

Спонзорирано: