17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Милица загина, а лекарите се борат за животот на нејзината другарка Теодора – тешка несреќа во Чачак

Седумнаесетгодишната Милица Пандуровиќ од Чачак починала во понеделникот во болница поради повредите со кои се здобила во стравична несреќа која во неделата се случила во село Трбушани, кога автомобилот во кој била таа заедно со двајца другари и 16-годишната другарка Теодора П. излетал од патот.

Во несреќата, Теодора се здобила со повреди, за лекарите се борат за нејзиниот живот, затоа што има скршеници на кичмата.

Теодора и Милица во неделата еден час пред трагедијата се сретнале со двајца другари и рекле дека ќе одат со нив да се повозат со автомобил. Момците седеле напред, а тие две позади. До несреќата дошло кога автомобилот се излизгал на лизгавиот пат, најверојатно поради неприлагодената брзина. После тоа тие излетале од селскиот пат, пишува Курир.рс

После приемот во ургентната служба, лекарите дале се од себе да ја спасат Милица, но ден потоа таа го изгубила животот.

Другата девојка е примена со исклучително тешки повреди. Утврдено е дека има скршеници на кичмата и шестиот вратен пршлен. Таа во понеделникот беше префрлена во Белград, во Клиничкиот центар – рекла д-д Билјана Кочовиќ, од чачанската болница.

Според она што го кажала докторката, двете момчиња биле приомени на одделението за хирургија после несреќата, а бидејќи не се здобиле со повреди, пуштени биле дома.

Пријателите и роднините на Милица се огорчени поради однесувањето на едно од момчињата, кое било во автомобилот и кое останало неповредено.

-Тој во неделата после несреќата од болница објави фотографија на друштвените мрежи со коментар дека нема ниту гребаница. Би ги замолил тие момчиња да ја почитуваат туѓата болка – рекол Милјан С. пријател на семејството на настраданото девојче.