Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Исклучувате ли струја кога има невреме? – УХМР излезе со вонредна прогноза

Денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места, особено попладне, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30л/м2).

Од утре до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер. Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Прогноза за 12.07.2019
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 24°С до 32°C
Сончево со мала облачност и со умерен северозападен ветер. УВ=8

Прогноза за 13.07.2019
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 25°C до 33°C
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален дожд. УВ=8

Прогноза за 14.07.2019
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 22°C до 30°C
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. УВ=7

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК