6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Група деца од затворите во Багдад денеска ќе се вратат во Русија

Рускиот претседателски комесар за правата на децата, Ана Кузнецова, изјави дека има намера денеска да вратат дома група руски деца кои престојуваат во затворите во Ирак, пренесува ТАСС.

„Планираме да вратиме во Русија уште една група деца од затворите во Багдад денес. Ни требаше долго да се подготвиме и се надевам дека ќе успееме. Сакаме тие да се најдат со своите роднини и детство да се врати во нормала што е можно поскоро,”пишува таа на Фејсбук.

Кузнецова на 3 јули истакна дека работата за враќање на децата чии мајки престојуваат во ирачките затвори поради соучество со терористичките организации треба да биде завршена во август.

„Има само два лета од Ирак до Русија,“ рече таа.

Според претходните извештаи, подготвени биле документи за враќање на околу 50 деца, главно четиригодишни, родени надвор од Русија.

Во 2017 година беше формирана Комисија за правата на детето, меѓусекторска комисија која го олеснува враќањето на децата кои престојуваат во борбената зона. Во соработка со руските министерства за надворешни работи, внатрешни работи, за итни случаи и за здравство и други субјекти, беше разработен план за акција, со што беше овозможено да се вратат 57 деца во Русија од Ирак во декември 2018 и февруари 2019 година.

Спонзорирано: