26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТТОП ВЕСТИ

Tрамп за Иран: Нема потреба од брзање

Претседателот на САД, Доналд Трамп оцени дека нема потреба од брзање во решавањето на тензиите помеѓу САД и Иран, кои предизвикуваат страв од немири во Персискиот залив.

„Немаме потреба од брзање, а тие може да си земат време оноколку колку што им е потребно. Не е итно“, изјави Трамп по низата инциденти и навреди помеѓу Вашингтон и Техеран, пренесе „Спутник“.

Тој изрази надеж дека состојбата ќе се подобри.

Трамп во средата говореше за можноста за краткотрајна војна со Иран, на што шефот на иранската дипломатија, Мохамед Завад Зариф одговори дека таквата идеја е илузорна, а Трамп му се заканува на мирот.