5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напаѓачот од џамијата во Франција е пронајден мртов

Напаѓачот кој вчера повреди две лица вклучувајќи го и имамот, пред џамија во западна Франција, бил пронајден мртов со рана од куршум во главата, соопшти полицијата.

Според извори од истрагата се работи за самоубиство.

Претходно, обвинителот во градот Брест, каде дојде до пукањето, соопшти дека напаѓачот отворил оган додека верниците излегувале од џамијата.

Обвинителот додаде дека засега не се познати мотивите за нападот .