20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Осуден серискиот убиец од Кипар: „Не знам зошто ги убивав жените“

Кипарскиот суд го осуди воениот капетан, Никос Метаксас на седум доживотни казни за киднапирање и убиство на седум жени и девојчиња од странски земји.

Метаксас се изјасни за виновен на денешното изрекување на казната.

Поранешниот воен капетан изјави дека нема јасен одговор на прашањето зошто ги извршил убиствата и дека се мачел себе си да си одговори на прашањата „како и зошто“.

Додаде дека соработката со полицијата е најмалку што можел да направи за да ја намали болката на семејствата на жртвите.

Метаксас уби четири Филипинки, меѓу кои и малолетно девојче, како и жена од Непал, а потоа и Романка со нејзината ќерка.

„Не можам да се вратам назад во времето и да го избришам направеното“, изјави Метаксас во судот.

Од судијата побара да биде интервјуиран од експерти кои би можеле да утврдат што всушност се случувало во неговата глава и кои се причините за злосторствата што ги извршил.

Тој со жените стапувал во контакт по пат на он-лајн страни за запознавање.

Спонзорирано: