5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март.

На претходните избори со тесно водство победи лидерот на опозицијата, Екрем Имамоглу.

Неговиот противкандидат е поранешниот премиер Бинали Јилдирим од владејачката Партија на правдата и развојот – АКП, на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Имамоглу ја вршеше должноста градоначалник само 18 дена, зошто следеа низа жалби од Партијата на правдата и развојот на Ердоган, поради што Изборната комисија го поништи гласањето поради нерегуларности во именувањето на членовите на бирачките одбори на изборните места.

Поранешниот бизнисмен, Имамоглу, претходно пет години пред опозициската Републиканска народна партија, бил претседател на истанбулската општина Бејликдуз.

Јилдирим пак, провладин кандидат и близок соработник на Ердоган, својата кампања, под слоганот „Успеавме и ќе успееме пак“, ја фокусира на сопствените достигнувања за време на премиерскиот мандат.