18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите успеале некои од преживеаните да ги извадат од урнатините, објавија тамошните медиуми.

Југозападната кинеска провинција Сечуан ја погодија два земјотреса кои се случија еден по друг во период од половина час, а потресите се почувствуваа во клучните градови во регионот, вклучително и во главниот град на провинцијата Ченгду.

Според Американскиот геолошки институт, по земјотресот со јачина од 5,9 степени, следувал помал со јачина од 5,2 – и двата на длабочина од десет километри и со епицентар во близина на округот Чанинг.