8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТИЗБОР

Тензијата расте, САД испратија уништувач во Оманскиот Залив

Американската војска објави дека го испратила воениот брод „Мејсон“, од типот уништувач, на местото на нападот на двата нафтени танкера во Оманскиот Залив.

Централната команда на САД вели дека Вашингтон не е заинтересиран да влезе во нов конфликт на Блискиот Исток, но дека жестоко ќе ги брани американските интереси во тој регион.

Уништувачот „Мејсон“ е на пат кон местото на нападите во кои вчера беа оштетени два танкера, објави „Ројтерс“.

Во соопштението, исто така, се истакнува дека втор уништувач со назив„Бејнбриџ“, е во постојан контакт со еден од оштетените танкери, јапонскиот „Кокук курејџес“.

Двата танкера, од кои вториот е норвешки ,беа оштетени во експлозии во Оманскиот Залив, во близина на брегот на Иран, а САД ја обвинија земјата дека стои зад нападот.