3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Богоевски поднесе оставка, а сега неговиот пример да го следат Вељаноски, Милошоски и Димовски

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека кај нив не само што ништо не се менува, туку напротив, остануваат заглавени во матрицата на Никола Груевски – деструкција и антидржавно однесување, сметаат од владејачката СДСМ.

Од таму додаваат дека оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини е пример за висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните.

„Од друга страна, тоа не е случај со пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела. Напротив, тие го бранат криминалот, наместо моралното однесување, тие пропагираат деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните“, велат од СДСМ.

Од оваа партија сметаат дека Христијан Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, Антонио Милошоски и Илија Димовски против кои се водат судски процеси и истраги за тешки кривични да си поднесат оставки од своите функции.

„Во најмала рака за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе нема минимум кредибилитет се додека во нејзините редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела.

Спонзорирано: