Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Притворен разбојник кој упаднал во стан, го претепал сопственикот и избегал со 370 денари

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дeка сторило кривичнo делo разбојништво.

Осомничениот 24-годишен жител на Крива Паланка на 4 јуни влегол во стан во сопственост на едно оштетено лице и одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои.

„Тој во станот влегол преку незаклучена врата и од сопственикот, кој бил во домот, побарал пари. Оштетениот одбил да му даде пари по што осомничениот почнал да го удира со рацете и нозете по целото тело. Од ударите оштетениот добил тешки телесни повреди – контузија на главата, контузија на мозокот и фрактура на носот. Потоа осомничениот со нож се заканил, повторно барајќи пари од оштетениот. Бидејќи повторно не успеал во намерaта, со употреба на сила извршил пребарување во џебовите на жртвата и одзел 370 денари по што избегал“, велат од Обвинителството.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

НОЌЕН ПОЖАР ВО РАДОВИШ – Се запалил трактор паркиран во приватен двор

ДЕСК

ДВЕ ПРОДАВНИЦИ ОГРАБЕНИ ВО РАДОВИШКО – Украдени пари и цигари, полицијата приведе 39-годишник

ДЕСК

ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ ЗА ДРОГА НИЗ МАКЕДОНИЈА – Пет лица приведени или лишени од слобода

ДЕСК