8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Првата парада на хетеросексуалци ќе се одржи во Бостон

Првата парада на хетеросексуалци ќе се одржи во август во Бостон, град кој е познат како еден од најбезбедните места за ЛГБТ популацијата. За настанот се подготвува и знаме, а актерот Бред Пит е именуван за маскота.

Градот Бостон дал дозвола за парадата.

„Ќе имаме затворена улица за нас. Ова е наша шанса да имаме патриотска парада во Бостон додека ја славиме хетеросексуалноста“, напиша на „Фејсбук“ организаторот Марк Сахади.

Парадата е планирана за 31 август, а на неа ќе се слави љубовта кон спротивниот пол.

„Сакаме толеранција за сите, не се само за геј популацијата“, рекол Џон Уго, еден од организаторите.

Како што расте акронимот ЛГБТ и во изминатите години се додадени буквите И и К за интерсексуални и квир личности, организаторите на бостонската парада сакаат да ја додадат и буквата С за стрејт, односно за хетеросексуални лица.

Уго рекол дека главен говорник ќе биде многу познат хомосексуален конзервативец, но не го открил неговото име.

„Настанот за славење на хетеросексуалноста ќе се случи во еден од најтолерантните американски градови кон ЛГБТ популацијата. Има за цел да ја исмее политиката за идентитет на левицата. За нив сè се врти околу идентитетот, без разлика дали некој е жртва или угнетувач. Доколку имате статус на жртва, тогаш имате право да се славите себе и да очекувате дека оние кои се на страната на угнетувачите ќе станат наклонети на вашите чувства“, вели Сахади.

Државата Масачусетс, каде што се наоѓа Бостон, е првата држава во САД која ги легализира истополовите бракови во 2004 година. Во Бостон е склопен првиот истополов брак во САД.

Спонзорирано: