20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Данска признава дека земјата има голем проблем со криминалните мигранти

Данскиот министер за правда, Сорен Папе Поулсен, признава дека неговата земја има голем проблем со криминалните мигранти и ги бранеше новите мерки на владата за олеснување на депортациите, пренесува данскиот таблоид Б.Т.

Изјавите на министерот се реакција на студијата на данските медиуми која откри дека Сомалијците се далеку најголемата заедница од странски државјани во Данска со криминални врски, и предничат со 916 обвиненија за насилстви во периодот помеѓу 2014 и 2018 година.

„Вашите податоци јасно покажуваат дека постои голем проблем со криминалните мигранти што не треба да ги имаме во нашето општество”, рече Поулен.

Тој ги отфрли миграциските политики на данската влада велејќи: „Ги заостривме правилата за протерување за да можеме полесно да ги истераме странците “.

Поулсен, исто така, додаде дека неодамна поднел уште еден закон со кој ќе им се дозволи на судиите да наредат депортација на мигрантите кои одбиваат да се појават на нивните судски рочишта. Данската влада не ги отфрли принудните депортации на Сомалијци без право да останат во земјата.

Петер Кофод од популистичката Данска народна партија (ДФ), исто така, ги коментираше бројките кои откриваат дека Сомалијците биле осудени за вкупно 1111 кривични дела во последните пет години, велејќи:

„Податоците гоат она што ние во Данската народна партија со години го истакнувавм-е дека во Данска имаме предизвик со миграцијата од голем број земји во Африка и на Блискиот Исток .

Тоа е трагично и треба да одговориме на тоа. Мора да го сториме тоа со враќање на луѓето дома и со непримање нови мигранти.“

Минатата година, данскиот министер за миграции, Ингер Шторбер, им се обрати директно на сомалиските мигранти во Данска, барајќи од нив да се вратат во својата земја и да ја обноват велејќи:

„Ако веќе немате потреба од нашата заштита и вашиот живот и здравје веќе не се изложени на ризик во вашата матична земја, во Сомалија, се разбира, мора да се вратите дома и да ја обновите земјата од која сте дошле. ”

Претходно годинава, премиерот Ларс Локе Расмусен, исто така го коментираше ова прашање, велејќи дека иако би сакал Сомалијците доброволно да ја напуштат земјата, тој нема да ги отфрли принудните депортации.