6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрватска во преговори со Шведска и САД за нови борбени авиони

Хрватска е во преговори со Шведска и САД за купување борбени авиони со цел модернизација на воздушните сили, изјави министерот за одбрана, Дамир Крстиќевиќ.

Загреб беше блиску до склучување договор за купопродажба на ескадрила на користени и обновени борбени авиони „Ф-16“ од Израел, но сепак Израел ја информира Хрватска дека не може да ги продаде авионите бидејќи не успеал да добие одобрение од САД.

Израел беше во конкуренција со неколку земји, а најсериозен конкурент беше шведскиот СААБ, кој понуди нови авиони на „Грипен“.

„Владата е сè уште посветена да го реши (ова) стратешкото прашање. Ние сме во преговори со Шведска и со САД и навремено ќе ја информираме јавноста кога ќе имаме некои конкретни информации“, рече Крстиќевиќ во изјава за новинарите.

Спонзорирано: