Улиците околу канцеларијата на британската премиерка Тереза Меј на Даунинг стрит во Лондон се затворени бидејќи во близина е пронајден сомнителен предмет.
Ова беше објавено од британската полиција на „Твитер“.
„Специјалната полиција е на самото место“, е наведeно во кусата изјава од полицијата.
Британската агенција додава дека полицијата ги насочува туристите и граѓаните на околните улици.
Спонзорирано: