30.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал во претседателската палата, каде што разговарал со претседателот на таа земја.

Како што изјави Дачиќ, а пренесе „Танјуг“, се слушнала силна експлозија, а во меѓувреме му било кажано дека во нападот има повеќе мртви и повредени.

Дачиќ додаде дека цел на нападот бил ексминистерот за надворешни работи на Сомалија.

Српскиот министерот на враќањето кон дома морал принудно да слета во Атина поради дефект на леталото.