17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Погребана Лена, последната жртва на автобуската несреќа во Ниш – другарите пуштија 16 црвени балони за неа

Шеснаесетгодишната Лена Илиќ, која почина во петокот од последици од повредите, кои ги доби на 21. декември мината година во судир на автобус со воз на пружен премин во Ниш, погребана е вчера во родното село Чокот.

На вечното почивалиште ја испратиле повеќе од илјада луѓе, членови од семејството, роднини, соседи.

Во поворката биле и нејзините другари од училиште и наставниците од Уметничкото училиште каде била втора година, кои носеле 16 црвени балони, симбол на нејзините изгубени години, кои по нејзиниот погреб ги пуштиле да одлетаат како последен поздрав за неа.

Во судирот меѓу автобусот и возото смртно настрадаа 7 лица.

На Милан Здравковиќ, кој управувал со автобусот му се заканува 8 години затворска казна. Меѓутоа на последното судење било соопштено и дека за несреќата допринел машиновозачот, кој доцна ја пуштил сирената, а не ни кочел на време.