23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Од почетокот на годината 75 случаи на глувчева треска во Словенија

Оваа година во Словенија се забележани повеќе од 70 случаи на глувчева треска, акутна инфективна болест пренесена од хантавирусите кои се јавуваат во човечкото тело преку контакт со секрет на заразена глодачи, предупреди словенечкиот Национален институт за јавно здравје.

До 16 мај потврдени се 75 случаи на оваа болест против која нема вакцина, а во некои случаи може да биде смртоносна.

Повеќето случаи се регистрирани во југоисточниот дел на земјата, особено во покраините Доленска и Прекумурје, според Хина.

Болеста се јавува во неколку фази, а се карактеризира со висока температура, тешка главоболка и болка во бубрежниот предел на стомакот.