24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARСВЕТИЗБОР

(Видео+фото) Силно невреме веечрва ја погоди Србија, паѓа град со големина на орев

Град со големина на орев вечерва паѓа во Србија. Медиумите од Србија известуваат дека се остварија прогнозите на метеоролозите и најавеното невреме за вечерва и ноќта почна во одделни делови на Србија.

Српските медиумите информираат за град во Љиг, Зрењанин. Додека пак во Ивањица град паѓал околу дваесетина минути, а силни врнежи и град со големина на лешници околу 19 часот го погодиле Чачак и направиле штета во околните села.

Силно невреме проследено со град ги погоди централните делови на Белград, а во главниот град на Србија сѐ уште трае исклучително силно невреме со дожд и град.

Причина за прекинот на фудбалските натпревари на Црвена Звезда и Напредок, како и Партизан и Пролетер, беше силното невреме проследено со силен ветер, дожд и град што вечерва ја зафати Србија, поточно главниот град Белград.