8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
foto
СВЕТ

Патничка падна од воз во Црна Гора

Државјанката на Србија М. П. од Белград се здоби со сериозни повреди фрактура на черепот кога падна од воз на железничката станица во Сутоморе.

Несреќата се случила во саботата, 11 мај, во 5:30 часот наутро, а според подгоричкиот весник „Дан“, во моментов се лекува во Клиничкиот центар на Црна Гора, според CdM.

„При испраќање на споменатиот воз, дежурниот отправник на возови, кој е вработен во Железничката инфраструктура на Црна Гора, забележал женско лице како лежи на перонот. Според изјавата на отправникот, не видел од која кола излегло лицето бидејќи кога возот тргнал сите врати биле затворени“, стои во соопштението на Железничкиот превоз.

Железничкиот превоз на Црна Гора потврди дека имало инцидент во возот што сообраќал од Подгорица до Бар.

Сега се работи на утврдување на фактите и деталите што доведоа до несреќата.