6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Пентагон ќе пренасочи средства од балистичките проектили за граничниот ѕид

Финансиите од американското Министерство за одбрана за изградбата на ѕид на границата со Мексико делумно ќе произлезат од програми поврзани со модернизацијата на балистичките проектили и системите за предупредување и контрола во воздух, пренесува „Вашингтон пост“.

„Министерството внимателно избра извори за репрограмирање што се вишоци или се потребни подоцна и нема негативно да влијаат на воената подготвеност”, се вели во документотцитиран од весникот.

Според документот, дел од средствата ќе бидат пренасочени од програмата за модернизација на копнената инфраструктура за интерконтинентална балистичка ракета LGM-30G Minuteman III.

„Пентагон има намера да ги пренасочи парите од програмата поврзана со систем што го користат авионите за откривање и соопштување на позицијата на цели за напад бидејќи програмата е малку одложена”, пишува весникот.

Министерство за одбрана, исто така, ќе ги пренамени парите првично планирани за вселенски тест-експеримент со учество на Агенцијата за истражување на напредни проекти за одбрана.

На 10 април Пентагон потпиша договори вредни речиси милијарда долари со два ентитета за изградба на ѕидот. На 10 мај Министерството за одбрана објави дека собрало 1,5 милијарди долари од разни извори, вклучувајќи ја програмата поврзана со Авганистан, за да помогне во финансирањето на проектот.

Изградбата на ѕидот на американско-мексиканската граница за спречување на протокот на недокументирани мигранти и трговијата со дрога во САД беше едно од главните ветувања во кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сепак, Трамп се бори да најде финансии за ѕидот бидејќи Конгресот одби да одвои милијарди долари од буџетот. За да го заобиколи Конгресот и да ги обезбеди потребните финансиски средства, Трамп прогласи состојба на национална вонредна состојба на јужната граница на САД.

Спонзорирано: