11.8 C
Скопје
14. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД ја зголемија царината за увозот од Кина

САД ги зголемија царинските давачки за кинескиот увоз во вредност од 250 милијарди американски долари, на 25 отсто од досегашните 10 отсто. По повод големиот притисок на јавноста и медиумите, американскиот претседател Доналд Трамп се огласи со серија твитови, објаснувајќи зошто најсилната економска сила се одлучила на ваков чекор.

Тој на Твитер наведе дека преговорите со Кина се одвиваат на многу добар начин, бидејќи нема апсолутно никаква потреба за брзање, бидејќи Кина сега плаќа 25 отсто од тарифите за производи и стоки вредни 250 милијарди американски долари.

Трамп рече дека е започнат процесот на воведување дополнителни 25 отсто од тарифата за преостанатите 325 милијарди американски долари.

,,САД ја продаваат стоката и производите на Кина за само 100 милијарди евра, што е многу голем дисбаланс. Со над 100 милијарди добиени од овие царини, ние ќе купиме земјоделски производи од нашите големи фармери, во поголем обем отколку тоа што го напраила некогаш КИна и ќе ја испратиме на сиромашните и гладните земји како хуманитарна помош. Во меѓувреме ќе продолжиме да преговараме со Кина во надеж дека нема да се обиде да ги поништи договорите”, рече Трамп.

Тој напиша дека царините ќе донесат далеку повеќе земја отколку некоја феноменален традиционален договор.

,,Покрај тоа, ова е многу полесно и побрзо. Нашите земјоделци ќе работат подобро и побрзо, а ќе можеме да им помогнеме на гладните луѓе. За некои производи ќе има исклучоци или ќе се свртиме кон нови извори”, рече Трамп.