11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Помпео доаѓа во Москва

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе ја посети Русија од 13 мај до 15 мај, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Како што се наведува, посетата е организирана по иницијатива на Вашингтон.

Министерството не ја исклучува можноста рускиот претседател Владимир Путин да се сретне со Помпео.Како што се наведува,Помпео во Москва ќе го продолжи дијалогот со рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, во Москва, кој започна во понеделникот во Финска, пренесе Спутник.

Ова ќе биде прва посета на Помпео на Русија, а главните теми за дискусија со рускиот државен врв, како што е најавено ќе бидат Венецуела, Сирија и Украина, а можеби и Северна Кореја.