22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Белгија уапсени 30-ина лица за измама при продажба на автомобили

Белгиските власти соопштија дека над 30 лица се задржани во притвор во рамките на голема полициска операција, чија цел е да се сопре измамата преку интернет во врска со продажба на автомобили.

Канцеларијата на сојузниот обвинител наведува дека речиси 1.200 полицајци, со поддршка на дронови и хеликоптери, извршиле претрес на седум локации во јужниот дел на Белгија во близина на француската граница.

Во акцијата учествувала и француската жандармерија.

Приведените се сомничат за рекетирање и припадност кон криминални банди.

Спонзорирано: