17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Според Ердоган, поништувањето на изборите е најдобрата одлука

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го поздрави денеска контроверзното поништување на локалните избори во Истанбул, на кои победи опозицијата и рече дека тоа е најдобрата одлука.

„Ние веруваме дека таквата одлука е најдобар начин да ја зајакнеме нашата решеност да ги решиме нашите проблеми во рамките на демократијата и правото и нека одлучи народот“, рече Ердоган во обраќањето пред членовите на неговата партија.

Изборната комисија вчера одлучи да ги поништи изборите во Истанбул на 31 март. На нив победи заедничкиот кандидат на опозицијата, Екрем Имамоглу.

Одлуката на изборната комисија опозицијата ја нарече пуч бидејќи беше донесена откако Ердоган и неговата конзервативна Партија на правдата и развојот се жалеа на огромни неправилности.

Жителите на Истанбул повторно ќе гласаат на 23 јуни.

Ердоган денеска ги отфрли критиките на опозицијата.

Повторувањето на изборите, според Ердоган, ќе го отстрани сомневањето во изборниот процес во Истанбул и ја зајакнува демократијата.