12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Европа во првите два месеца од годината забележани 34.000 заразени од сипаници

Во првите два месеца од 2019 година евидентирани се над 34 илјади случаи на зараза со сипаници, поголем дел во Украина, информира Светската здравствена организација повикувајќи ги здравствените власти да обезбедат вакцини за сите, особено за здравствено најчувствителните групи деца и возрасни.

Од 34.300 заразени во 42 земји во Европа, како последица на болеста починале 13 лица. Сите смртни случаи се забележани во Украина, каде што, како и во Романија и Албанија, е прогласена епидемија на сипаници.

СЗО предупредува дека епидемијата може да продолжи да се шири.

„Ако не се реагира навреме и ако со вакцините не се опфати сè, вирусот ќе пронајде начин да стигне до најзагрозените поединци и потенцијално да се прошири во другите држави во регионот и надвор“, стои во соопштението на СЗО, во кое се додава дека треба да се искористи секоја пригода за вакцинирање на чувствителните деца, адолесцентите и возрасните лица.

Спонзорирано: