10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова.

Телото на Маринова беше пронајдено на 6 октомври минатата година на реката Дунав во градот Русе, на северот од Бугарија.

Обвинетиот 21-годишниот Красимир се појави под силни безбедносни мерки и со лисици во судницата, каде што се изјасни за виновен и побара побрзо изрекување на пресудата.

Истражувачите заклучија дека Красимиров самиот го сторил кривичното дело.

Красимиров беше уапсен во Германија, каде што избега и беше пренесен во Бугарија една недела по убиството.

Со изјаснување за виновен, Красимиров избегна доживотен затвор.

Тој има можност да поднесе жалба против пресудата во рок од 15 дена.

Спонзорирано: