20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Павле Богоевски со незгодни прашања до Силјановска

– Сега, Гордана Сиљановска вели дека во нејзиниот мандат ќе станеме членка на НАТО и дека е добро што членуваме во Алијансата, напиша Павле Богоевски, пратеник на владејачката коалиција.

-Затоа, би сакал да ја прашам:

Професорке, под кое име ќе станеме членка на најмоќниот воено-политички сојуз во светот? Под името кое не сакате да го изговорите, истото тоа име кое од Охрид ветивте дека ќе го промените повторно? Како резултат на што е добро што сме членка на НАТО? Како резултат на „предавничкиот и антимакедонски договор со Грција“ чие референдумско изјаснување го бојкотиравте и чиј легитимитет се’ уште го оспорувате?

Целата кампања во првиот круг, Гордана Сиљановска ја водеше врз основа на реториката дека Договорот од Преспа е злосторство врз македонскиот народ за кое е потребна правда што може да ја донесе само нејзиното претседателство.

Сега, кога и’ се потребни гласовите на Албанците, таа ги воспева целите поради кои го склучивме „предавничкиот“ договор. Токму тоа е проблемот, друштво. Целата кампања на Професорката е контрадикторна и полна со лажен и селективен патриотизам. Исто како и партијата која ја претставува.

Како што тргнала работава, не би ме изненадило до 5ти мај да го признае и Договорот од Преспа. Граѓаните се доволно паметни да го казнат тој кој греши, но и да ги препознаат празните флоскули и умилкувања.

Продолжуваме, #ЗаедноНапред, напиша Богоевски.

https://www.facebook.com/1324810032/posts/10217854831105505?sfns=mo