14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Храбро скокна во реката и го спаси девојчето што се давеше

„Еден мал сосед дојде до нас и почна да вика: ‘Мало девојче падна во водата!’ Веднаш се стрчав кон реката, и кога го видов девојчето, ми помина низ главата дека неколку деца веќе се удавија и скокнав. Таа веќе беше побледена, тонеше, ја зграпчив за косата и ја повлеков“, за „Далматински портал“ изјави Јосип Црљен, 37-годишен херој кој во неделата попладне го спаси девојчето од реката Руд.

Јосип скокна во надојдената река кај Триљ, и тоа каде што има вирови и е многу тешко да се плива.

„Бевме во блискиот ресторан за да го прославиме крштевањето на детето на мојот кум, кога одеднаш Матео почна да вика дека девојче се дави во реката. Брзо се стрчавме кон тоа место и видовме девојче кое беше малку под вода, малку над водата, се давеше. Јас веднаш скокнав во водата за да ја извлечам, но водата беше зелена и јас не можев да ја видам. Мислев дека нема да успеам, ќе ја изгубам. Со бескрајни напори, за среќа, ја фатив за косата и некако успеав да ја повлечам на брегот. Морам да признам дека беше многу тешко. Бог ми даде сила да ја извлечам и да ја спасам, рече Јосип.

Тој вели дека не можел да спие цела ноќ и сега оди на лекар, бидејќи сè го боли, особено грлото, но тој е среќен што го спасил девојчето во последен миг.

„Горд сум и на мојот сосед, малиот Мата Тадиќ, кој го виде сето ова и не повика. Подоцна го видов девојчето, дојде мајка ѝ и фала му на Бога, сè заврши добро“, рече Јосиф.