14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иранската Револуционерна гарда се закани дека ќе ја затвори теснината Ормуз

Иранскиот адмирал Алиреза Тангсири изјави дека ако на Иран не му биде дозволено да извезува нафта преку теснината Ормуз, тие ќе го затворат морскиот премин, пренесува „Спутник“.

Теснината Ормуз е клучен стратешки пат кој се наоѓа помеѓу Персискиот и Оманскиот Залив, а низ него поминуваат околу 20 отсто од светската нафта и околу една третина од нафтените деривати.

Изјавата на Тангсири доаѓа во услови на сè позасилени тензии меѓу Техеран и Вашингтон од почетокот на април кога САД ја стави иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) на црната листа означувајќи ја како терористичка организација за што Исламската Република се одмазди со официјално назначување на Централната команда на САД (ЦЕНКОМ) како терористичка.

И покрај претходните закани за прекинување на извозот на ирански сурова нафта, Вашингтон им додели привремени ослободувања од забраната за извоз на големите потрошувачи, како Кина, Индија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Грција, Турција и Тајван.

Иранските медиуми подоцна објавија дека и покрај санкциите во САД, приходите за нафта во земјата се зголемиле речиси 50 отсто во 2018 година.