Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Русија вети ќе се спротивстави на новите нелегални американски санкции за Венецуела и Куба

Русија ќе се спротивстави на новите нелегитимни ограничувања што САД им ги наметнаа на Венецуела и на Куба, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, за „Спутник”.

„Загрижени сме поради континуираните дејства на САД кон земјите од регионот на Латинска Америка. Гледаме дека санкциите се апсолутно незаконски и нелегитимни. Ние ќе им се спротивставиме зашто Венецуела и Куба се наши сојузници и стратешки партнери во регионот. Ќе сториме сé што може да ја почувствуваат нашата поддршка”, рече Рјабков.

Во средата САД воведоа санкции за Централната банка на Венецуела. Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, рече дека овој потег треба да испрати силно предупредување до надворешни актери, вклучувајќи ја и Русија, против распоредување воени средства во Венецуела за поддршка на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Претходно, руското МНР истакна дека Русија не ги прекршила ниту меѓународните ниту венецуелските закони со своите дејства и дека не го променила балансот на силите во регионот.

Исто така во средата американскиот државен секретар, Мајк Помпео, објави дека САД ќе им дозволат на американските државјани да ги тужат странските компании кои имале корист од нивните имоти што ги зазеде Куба откако таму на власт дојде Фидел Кастро.

Во тренд…