Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ГДУ: ДПМНЕ и СДСМ мора да признаат дека администацијата е неспособна

Лудилото со јавната администрација мора да заврши, велат во соопштение од Граѓанско демократската унија (ГДУ), од каде додаваат дека администрацијата е неспособна и тоа мора да го признаат двете најголеми политички партии.

„Очајни се обидите на ДПМНЕ и СДСМ за префрлање на топката, зашто сите се свесни дека таму каде што претходните застанаа, сегашните само продолжија. Партиска книшка и вработување мајки, стрини, синови, тетки братучеди“, стои во партиското соопштение.

Од ГДУ сметаат дека вината за ваквата ситуација е и на двете партии затоа што, како што велат, нив не ги интересира квалитетот, односно не се вработува по стручност.

„Но и оние што се квалитетни и партиски неопределени се ставени во некоја архива и никој не го искористува нивниот потенцијал. И потоа се чудиме зошто висококвалификуван кадар ни бега од земјата. Зошто ги омаловажувате и ги потценувате оние кои нема да ви покажат партиска книшка?! Затоа реформите треба да почнат од изборот на раководните лица во администрацијата. Тие треба да се бираат преку една транспарентна постапка“, нагласуваат од партијата.

Велат дека постојано укажуваат на проблемот со администрацијата и ќе продолжат да предупредуваат за последиците, односно за проблемот отворено ќе зборуваат пред граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Mozzart ја заокружува годината со четвртата претстава „Аматери“ – уште една театарска приказна достапна за сите

ДЕСК

Бојаџиева Марковска: Каде завршија 700 илјади денари кои Бетон Герасимовски ги предвидел за пензионирани наставници да вршат дополнителни часови за учениците во училиштата?

ДЕСК

Филипче до Мицкоски: Јас сум на страната на Македонија, вие сте на страната на криминалот

ДЕСК