8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Демонстрант се залепи за воз во Лондон

Еден човек денес се залепи за воз во деловниот кварт Канари Варф во источен Лондон во знак на протест поради климатските промени.

Тој со суперлепило ја залепи раката за стаклото на вагонот, објави британски „Метро“.

Учесниците на протестот, маж и жена, активисти на групата „Бунт против изумирање“ рекоа дека се работи за мирен протест и, додека жената носеше транспарент во врска со климатските промени, човекот во јакна се залепи за воз, пренесува „Дејли стар“.

Поради страв дека активистите можат да им пречат во работата, бесплатниот интернет е исклучен на станиците во метрото.

Инаку, активистите најавија дека ќе се залепат за возовите за да ја прекинат нивната работа со цел „да се привлече внимание на штетата што човештвото ја направи во животот на земјата.”

„Тоа е прашање на живот и смрт, без оглед на тоа дали живеете во Тајпеј, Мелбурн, Мумбаи”, се вели во соопштението на групата.

Овој инцидент е само еден од низата организирани во изминатите три дена, при што речиси 300 активисти беа уапсени во Лондон.

Протестите доведоа до затворање на патиштата, метеж во сообраќајот и сериозно нарушување на сообраќајот, што погоди околу половина милион граѓани.