17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТИЗБОР

Ватикан: Шок и тага поради Нотр Дам

Пожарот што ја опустоши катедралата Нотр Дам во Париз предизвика шок и тага на Светиот Престол, изјави синоќа портпаролот на Ватикан, Алесандро Џизоти.

„Страшната вест за пожарот што ја опустоши катедралата Нотр Дам, симбол на христијанството во Франција и светот, беше примена од Светиот Престол со шок и тага”, рече Џизоти, според „Ројтерс“.

„Ние ја изразуваме својата блискост со француските католици и граѓаните на Париз и се молиме за пожарникарите и за сите што прават сé што е можно во справувањето со оваа драматична ситуација”, рече тој.