Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов објави скандал: Сиљановска лажно зборува за правда, се слика со лица осудени за изборни нерегуларности

Денеска уште еднаш потврдуваме дека Сиљановска е неискрена и нечесна пред граѓаните, рече Костадин Костадинов.


– Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска, напразно зборува за правда кога поддржана од партија чиј почесен претседател е осуден криминалец во бегство.

Сиљановска напразно зборува за правда и фер избори, кога гордо се фотографира со лица осудени токму за кривични дела поврзани со изборите.

На јавно објавени фотографии, Сиљановска е во друштво Славица Ангелова од Кочани, осудена за поткуп при избори и гласање за локалните избори 2017 година.

Ова е пресуда од Основниот суд во Кочани со која јасно се гледа дека Ангелова има правосилна пресуда и е осудена за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“.

За каква правда зборува Сиљановска кога оди низ државата, се слика и бара поддршка од лица осудени за поткуп при изборите?, порача Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 18 степени

ДЕСК

Почна гласањето во Брвеница – гласаат вкупно 107 болни лица

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК