16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Холандија петиција за проституцијата да биде кривично дело

Повеќе од 42 илјади млади луѓе потпишаа петиција во Холандија со цел проституцијата да стане кривично дело.

Според актуелниот закон, во случај на взаемна согласност, легално е возрасни лица да плаќаат за секс, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Оние кои ја започнаа новата кампања сакаат проституцијата да се регулира во согласност со т.н. „Северен модел“.

Ова значи дека проституцијата треба да биде нелегална, но би се казнувале само лицата кои плаќаат за сексуални услуги.

Тие тврдат дека трговијата со луѓе е голем национален проблем, затоа што постои голема побарувачка за евтин секс.

Тие исто така тврдат дека во Шведска, кој веќе ги санкционира клиентите, степенот на проституција се намалува, а како што велат, тоа доведува до помала трговија со луѓе и помала експлоатација.

Меѓутоа, асоцијацијата на сексуалните работници во Амстердам не се согласува со оваа иницијатива.

Тие веруваат дека системот со кој се казнуваат само клиентите ги засега и проститутките, бидејќи промените на актуелните одредби би можеле да ги принудат да преминат во илегала.

Според холандското право, со оглед на тоа дека петицијата има толку многу потписници, Собранието мора да дебатира по ова прашање, иако малку е веројатно проституцијата да стане нелегална во Холандија.

Спонзорирано: