8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Џен Робинсон: Асанж е уапсен поради барањето за екстрадиција од САД

Адвокатот на дојавувачот Џулијан Асанж потврди дека основачот на „Викиликс“ е уапсен делумно поради барањето за екстрадиција од САД, пренесува РТ.

Џен Робинсон, пишувајќи на Твитер, изјави дека апсењето на Асанж во Лондон е не само поради прекршување на условите за азил туку и поради барањето за екстрадиција од САД , каде што Асанж може да се соочи и со смртна казна.