5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Обид за киднапирање на две девојчиња во Бања Лука – Полицијата на нозе

Во Бања Лука синоќа имало обид за киднапирање на две девојчиња, кои непознат маж се обидел насилно да ги внесе во возило. Веднаш била алармирана полицијата за случајот, по што мажот бил уапсен.

Девојчињата биле на возраст од 7 и 8 години, а од киднаперот ги спасил братот на едно на девојчињата. Како што јавуваат тамошните медиуми, станува збор за личност која веќе неколкупати се лечела во психијатриски болници.