Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата ќе испитува кој ја пријавил смртта на синот на Захариев

Полицијата денеска обелодени дека безживотно тело на младо момче утрово околу 9 часот и 45 минути било пронајдено во вила во село Ѕвегор, Делчевско. Телото било пронајдено од Итната медицинска помош која по телефонски повик се упатила на местото на настанот и го пронашла веќе мртвото момче. Лекарите веднаш констатирале смрт.

Десет минути по екипата на Итната медицинска помош пристигнале двајца инспектори и јавен обивнител. Подоцна е утврдено дека се работи за лицето со иницијали А.З.

Од полицијата најавија дополнителни информации за трагичниот настан, а ќе испитаат и кој го пријавил настанот во полиција, јави 24инфо.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +