25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индија одобри купување повеќе руски тенкови „Т-90“

Москва ќе ѝ помогне на Индија да произведе дополнителни серии од докажаните тенкови „Т-90“, објави руската владина агенција по извештаите дека Њу Делхи ја разгледува можноста за набавка на речиси 500 тенка, пренесува РТ.

„Русија е подготвена да ја продолжи лиценцата за склопување на ‘Т-90’ и да го зголеми нивното производство. Индиската влада одлучи да купи дополнителни тенкови за националните вооружени сили“, изјави портпаролот на државното тело задолжено за тргување со оружје за „Интерфакс“.

Во понеделникот беше објавена информација дека индискиот владин Комитет за безбедност (ЦЦС) одобрил договор вреден 1,93 милијарда долари за набавка на 464 тенка „Т-90 МС“. Во следните неколку месеци министерствата за одбрана на Индија и Русија ќе потпишат релевантен договор.