8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Болсонаро: Воена интервенција во Венецуела може да доведе до герилска војна

Воена интервенција во Венецуела може да доведе до герилска војна, изјави бразилскиот претседател Јаир Болсонаро во понеделникот за радиостаницата „Ховем Пан“.

„Ако зборуваме за хипотетичка можност за војна во Венецуела, треба да се сетиме на герилците, што е релевантно поради топографијата на територијата. Тешко е да се предвиди колку долго ќе потрае решавањето на таквата ситуација“, рече Болсонаро.

Тој потсети дека вооружените групи оперираат во пограничните региони заедно со терористички групи и со наркокартелите.

Болсонаро потврди дека Бразил нема намера да се меша во внатрешните работи на Венецуела.

„Санкциите ќе помогнат во решавањето на политичката криза во Венецуела. Економското ембарго може да помогне да се собори владата“, истакна тој.