23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британка се соочува со затвор во Дубаи зашто сопругата на поранешниот сопруг ја нарекла кобила

Две години затвор во Дубаи и висока глоба ѝ се закануваат на една Британка која на „Фејсбук“ новата сопруга на поранешниот сопруг ја нарекла кобила, пренесува „Брејтбарт“.

Лалех Шаравеш (55) била уапсен на аеродромот во Дубаи минатиот месец со својата 14-годишна ќерка кога пристигнале во заливското царство за да присуствуваат на погребот на нејзиниот поранешен сопруг. Веднаш по пристигнувањето, таа била уапсена и обвинета за кршење на драконските закони за сајбер-криминал во Дубаи поради навредливи коментари што таа, наводно, ги објавила од Велика Британија кога дознала дека нејзиниот поранешен сопруг се преженил.

Шаравеш од Ричмонд, во југозападниот дел на Лондон, била во брак со својот португалски сопруг Педро 18 години. Двојката живеела во Дубаи, каде што Педро работел во банка со седиште во Хонг Конг пред Шаравеш да се врати во Велика Британија со ќерката. Набргу потоа таа добила документи за развод и дознала дека нејзиниот сопруг ќе се жени повторно.

Во 2016 година, Шаравеш, која е британска Иранка, објавила два коментара на фарси на „Фејсбук“. Првиот коментар бил наменет за нејзиниот сопруг кому му порачала: Се надевам дека ќе завршиш под земја, идиот. Проклет да си. Ме остави за оваа кобила“. Во втората порака му напишала: „Се ожени за кобила…“

Вдовицата на поранешниот сопруг на Шаревеш, која е Тунижанка и живее во Дубаи, ги пријавила коментарите кај властите.

Рада Стирлинг, главен извршен директор на „Притворени во Дубаи“, која ѝ помага на Шаравеш, вели дека нејзината клиентка е ослободена од затвор со кауција, но дека властите ѝ го конфискувале пасошот пред судењето. Во коментарите објавени од групата Шаравеш потврди дека лошо реагирала кога коментирала на „Фејсбук“.

„Знам дека не требаше да го сторам тоа. Требаше да се однесувам подобро, но бев лута, изневерена и повредена. По 18 години брак, тој речиси веднаш се прежени. Немаше доволно почит, дури ни да ми каже однапред“, изјави Шаревеш.

Според законите за сајбер-криминал во ОАЕ, лицето може да биде затворено или казнето за клеветење на социјалните мрежи. Ова се однесува на Шаравеш иако таа ги напишала коментарите на социјалните мрежи додека била во Велика Британија.

Шаревеш ќе се појави пред судот во Дубаи в четврток.

Спонзорирано: