11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од сообраќај исклучени 34 возачи кои немале дозвола

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 13 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 35 возачи од кои: 34 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 27 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, тројца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 48 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 38 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 110 мандатни платни налози и 69 возила се подигнати со специјално возило ,,пајак”. Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои осум лица се здобиле со телесни повреди.

Спонзорирано: