15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Судан приведени околу 2.500 демонстранти

Суданското Министерство за внатрешни работи соопшти дека се уапсени 2.496 демонстранти во саботата на протестите ширум земјата против власта на претседателот Омар ал Башир.

Министерството додава дека шест полициски возила биле уништени за време на протестите, кои продолжија денеска, трет ден по ред.

Демонстрантите ја обвинуваат владата за лошата економска ситуација во земјата, каде поскапеа основните намирници.

Башир минатиот месец прогласи вонредна состојба во земјата, но одби да замине од власт.

Спонзорирано: