18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран ги прогласи САД за терористичка влада

Техеран официјално ги прогласи САД за терористичка влада, а Централната команда на САД позната како ЦЕНКОМ, како и сите нејзини соработници, за терористичка група. Ваквата одлука на Иран доаѓа како одговор на одлуката на Вашингтон да ја стави Иранската револуционерна гарда на листата на терористи.

Врховниот национален безбедносен совет на Исламската Република, предводен од претседателот Хасан Рохани преку соопштение ги обвини ЦЕНКОМ за нарушување на националната безбедност на Иран, како и за уништување на животите на, како што велат, невините ирански и неирански поединци, со цел да ја промовираат американската агресивна политика во Западна Азија.

Во соопштението се вели дека САД учествуваат во убиствата на луѓето во Јемен, каде што коалицијата предводена од Саудијците води брутална воена кампања против шиитските хути-бунтовници.

Спонзорирано: