11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Приближно 1 од 4 возрасни Јапонци во 20-тите и 30-тите години од животот е девица, според најновата студија

Возрасните Јапонци првото хетеросексуално искуство го имаат подоцна од своите колеги во САД и Велика Британија, според една нова студија.

Експертите за јавно здравје на Универзитетот во Токио откриле дека сексуалното неискуство е во пораст во земјата, а процентот на жени на возраст од 18 до 39 години кои никогаш немале сексуален однос се зголемил на 24,6 отсто во 2015 година, од 21,7 отсто во 1992 година.

Промената беше поголема кај мажите на иста возраст, со 25,8 отсто девици во 2015 година за разлика од 20 отсто во 1992 година.

„Сексуалното неискуство стана национален проблем во Јапонија, но претходните извештаи не го испитуваа трендот кај разни возрасни групи и социо-економски средини“, изјави Питер Уеда, истражувач на јавното здравје на Универзитетот во Токио и автор на студијата што беше објавена во понеделникот.

За споредба, истражувањата од Велика Британија, САД и Австралија укажуваат на тоа дека стапките на хетеросексуално неискуство се помеѓу 1 и 5 отсто кај возрасни лица во или околу нивната 30-та година, се наведува во студијата, која беше објавена во списанието BMC Public Health.

Студијата го дефинира хетеросексуалното искуство како вагинален однос помеѓу мажите и жените. Таа не ги вклучуваше одговорите на оние што се идентификуваа како ЛГБТК или асексуални и претпоставуваа дека сите брачни двојки имале секс.

Во извештајот е констатирано дека поголем процент мажи со пониски примања останале сексуално неискусни во споредба со жените.

Прашањето за наталитетот е важно во Јапонија бидејќи нејзиното население старее бргу.
Јапонија веќе се смета за супер стара нација, што значи дека повеќе од 20 отсто од нејзиното население е постаро од 65 години. Само 946.060 бебиња се родени во 2017 година, што е рекордно најниско ниво откога почна официјалната евиденција во 1899 година.

Спонзорирано: