6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лондон воведува дневни екотакси за возилата

Лондон денеска воведува дневни такси од 27,90 евра за возила што испуштаат високо ниво на загадувачки материи, односно автомобили што не ги исполнуваат најмалку стандардите на Евро 6.

Таксата ќе ја плаќаат возачите што возат автомобили во централниот дел на градот, а лондонските власти веруваат дека во борбата за почист воздух оваа мерка е подобра отколку забраната за дизел-возила, според „Гардијан“.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, им вети на сограѓаните дека ќе ја намали емисијата на штетни гасови од сообраќајот во градот со осум милиони луѓе.

Се проценува дека новите мерки преземени од лондонските власти ќе погодат околу 2,5 милиона автомобили и комбиња за транспорт во градот.

Според ФАЗ, германските градови размислуваат за забрана на дизел-возила за намалување на загадувањето, а британскиот главен град се обидува на друг начин да ја постигне таа цел.

Спонзорирано: