25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Река: Специјалната единица нема ниту еден Албанец, вака не се оди во Европа

Кандидатот за претседател, Блерим Река ја продолжи неговата кампања во Сарај, каде се сретна со илјадници граѓани. Тој беше во придружба на лидерите на движење Беса и Алијанса на Албанците. Река даде посебна важност на слободата на гласачот, а не на диктатот на другите партии.

„Вашата присутност во овој голем број, потврдува дека сте против диктатот. Дел сме од едно време, каде владеачките албански партии го спротиставуваат единствениот албански кандидат. Заситени сме од празни ветувања и ова е главна причина зошто младите се повеќе ја напуштаат земјата. Мојата програма е против празнење на државата. Вашите гласови нема да дозволат да се празни државата. Денес Македонија има само 1 амбасадор, специјалната единица нема ниту еден Албанец, вака не се оди во Европа. Неколкумина се кријат позади одговорноста на желбата да се стави крај на специјалното обвинителство. Ние не смееме да прифатиме ваква срамота“ порача Река.

Лидерот на Алијанса на Албанците во текот на средбата јасно потенцира дека подршката за Река е правниот пат кој што треба сите да го следат.

“Дел сме од претседателските избори и сите треба да го следиме овој пат. Ова е симболика на патот на победата. Со вашата подршка, одиме со глава нагоре на изборите и ние нема да станаме дел од тие кој што се срамат што подржуваат одредени кандидати. На 21 април продолжуваме кон победата, сите да го подржиме професорот Блерим Река” рече Зијадин Села.

Меѓу друго, лидерот на движење Беса потенцира дека во овие избори нема било каков кандидат, го има проф. Блерим Река, дипломат кој што го застапува Македонија.

“Тука сме за да покажеме дека Река е најдобар избор за сите Албанци. Професорот Река со подршката на сите Албанци ќе го помине вториот круг и ќе биде победник на овие избори. Албанците се 500.000 гласачи. Покана кон сите Албанци, Македонци, Роми да гласат за Блерим Река затоа што тој е најдобар избор и најдобар кандидат за Македонија”.

Спонзорирано: