10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Што содржи новиот пакет-мерки на НАТО против Русија

Новиот пакет-мерки во Црното Море, кој шефовите на министерствата за надворешни работи на членките на НАТО ќе го усвојат во Вашингтон, вклучува многу поголем интензитет на разузнавачки активности и присуство на воени бродови на алијансата, рече постојаниот претставник на Северноатлантската алијанса, Бејли Хачинсон.

Исто така таа кажа дека овој пакет мерки ќе вклучува далеку поголем обем на разузнавачки активности од воздух.

Според Хачинсон, зголеменото присуство на воените бродови на алијансата во акваториумот на Црното Море ќе го гарантира безбедното преминување преку теснецот Керч на украинските бродови.

Средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на алијансата ќе се одржи на 3 и 4 април во Вашингтон.

Претставник од американскиот Стејт департмент претходно изјави дека на состанокот, меѓу другото, ќе се разгледаат низа закани од Русија.

Спонзорирано: